Човекот кој буквално порасна пред нашите очи, секогаш насмеаниот Ненад Ѓеорѓиевски зад себе има оставено завиден број на проекти, а моментно е сопственик на музичкиот портал и интернет радио „Хитпортал“ како и водител и уредник на емисијата „Екстра Ексклузив“. Да не ги забораваме и неговите караоке забави, кои ретко кој ги нема посетено. Но, настрана успесите, тука е важен само шармот, а дали Ненад е најзгодното ТВ лице, ќе одлучите вие.
Еден од најхаризматичните и уникатни ТВ лица кај нас, Жаре од „Еден на еден“ е момче Македонче кое еднакво го сакаат и ќерките и мајките, а богами и бабите. Русокосиот Жарко Димитриоски влезе во нашиот тесен избор на најзгодни водители не само како убав младич, туку и како некој на чиј шарм ретко може да одолеете.
Иако одамна не сме го виделе во телевизискиот етер, водителот на една од најслушаните утрински радио програми „Петар за појадок и пауза“, Петар Ѓошев, останува еден од најодржаните и најсредени јавни личности кај нас, кој секогаш внимава на својот изглед, но и на неговиот интелект, а со тоа и си го заслужи местото меѓу најзгодните.
Неговата блескава насмевка која е вистински контраст на неговиот секогаш исончан тен, не го остава рамнодушен женскиот дел на македонската публика. Димитар Атанасовски, за нивно големо задоволство, се повеќе и почесто го гледаме во разни телевизиски проекти, а наскоро и ќе не води кон „Сите наши песни“, новото музичко шоу на МТВ.
Иако не можевме да најдеме разголена фотографија од водителот на квизот „Круг на знаење“, секогаш високиот и исправен став и стројното тело на Дамјан Дренковски беа доволно за да го вброи меѓу кандидатите за најзгоден водител.
Ни од тазе оженетиот Борислав Тноковски не можевме да пронајдеме фотографија која би „покажала повеќе“, но за човекот кој беспрекорно не води низ вестите и се што е најново во Македонија и светот, не може а да не се спомене дека е навистина стројно и секогаш средено момче. Кога на тоа ќе се додаде и длабокиот и карактеристичен глас, резултатот е – Борко е еден од најзгодните.
Можеби ретко кој го знае по име, но неговата појава никој не ја игнорира. Водителот на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Андреј Клинчаров, е студент е на Архитектонскиот факултет во Скопје, а воедно беше и модел во модната агенција “Моделс Ин”, каде во неколку наврати го освои македонскиот моден пазар, а потоа замина во Италија каде работеше како модел и лице за неколку познати италијански брендови. По Италија, следуваа Сингапур и Хонг Конг. Што повеќе да се каже, може само да гласате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година









