| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во кампања со проекти на ВМРО-ДПМНЕ

2014-та, СДСМ настапи со програма во три столба. Сега, новиот Заев „План за Македонија“ целосно им парира на тогашните „Промени за нов почеток“ од 2014-та. Неинвентивно и очебијно неефектно, ама едноставно и лесно за препишување, макар што и тогаш два столба беа „копи-пејст“ од претседателските избори од 2013-та кога „независен кандидат“ им беше губитникот и сегашени носител во првата изборна единица Стево „Стока“ Пендаровски. Но, ако тогаш беа столбовите „Да ја вратиме средната класа“, „Сакаме слобода“ и „Инвестираме во иднината“, сега пандан столбови се „Надгради ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ“, „Катице, аман, спаси не!“ и „Албанизација“...

Носителите на Зоран Заев на изборни единици разјаснија многу дилеми. Значи (што би рекла Катица Јанева кога не чита) затоа ли СДСМ дејствуваат толку инфантилно и без компас? Велат „една слика – многу зборови“, а во „еден носител“, пак, ги има уште повеќе. Ете затоа, социјалдемократите да ти држеле прес-конференции на небитни и смешни теми и целосно ја копирале програмата и само додавале на проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгледот лажел, тие не биле мрзеливи. Не. Едноставно имале мака. Голема мака во насоката за трошење енергија. А, ако се прашувате каде исчезнаа парите на партијата и чуму донесоа само толку малку автобуси на последниот, катастрофален по посетеност митинг наречен „марш“, одговорот е уште поедноставен. Ги потрошиле спонзорствата на забрзани курсеви за учење на албански јазик за лидерот и за праваење трипер комбинации за да допрат до гласачите преку лажни „граѓани“ од типот ан Пендаровски, Богоевски, Мухиќ. Тие не биле социјалдемократи, туку граѓани?! Веројатноста за успех, бил Агим или Зоран станува сосема небитно, е еднаква на нула. Но кога финасиерот или чадорот кој ве држи во живот, бара акција, очигледно не е лесно да речете „НЕ.“

Две опции за инфантилноста на партијата

Објаснувањето за инфантилното дејствување на партијата, пак, има две опции. Првата е дека презафатен со измислувањето финти како да им се доближи на Албанците, СДСМ, едноставно, заборави на Македонците. Учат ли сите во СДСМ албански како Заев? Тешко, но многу веројатно е дека сите ресурси на партијата се насочени кон барањето начин за собирање симпатии кај Албанците. Затоа, веројатно и заборавија на едно од основните ветувања од 2014-та, дадено пред изборите кои ги изгубија катастрофално и не ги признаа. Тие избори, едно од главните ветувања, дадено лично од Шеќеринска, е дека во првите 100 дена од владеењето ќе го спроведат Пописот на населението. И, упс, пописот го снема. Затоа што сите знаеме зошто не се ни спроведе. Поради истите тие иселеници на чии семејства сега типува СДСМ, а со Попис, можеби, не би постоел Рамковниот. Пиши-бриши, нели. Втората опција зошто се толку неподготвени и безидејни е исто така едноставна – кога виделе што испланирале или поверојатно, што некој им испланирал, досегашните стратези без збор си заминале. Останале само ајваните, кои и не знаат поинаку. Старите волци знаеле што ги чека (башка дека по неминовниот пораз нема да им платат за маката), за разлика од врхушката, која знае, но се надева дека греши, оти друга опција, реално, и нема…

 

Втор столб: „Фризирај“ ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Истата таа погубна за нив 2014-та, СДСМ настапи со програма во исто така три столба.  Ист е и лидерот. Заевиот нов „План за Македонија“ целосно им парира на тогашните „Промени за нов почеток“ од 2014-та. Неинвентивно и очебијно неефектно, ама едноставно и лесно за препишување, макар што и тогаш два столба беа „копи-пејст“ од претседателските кога „независен кандидат“ им беше губитникот и сегашен носител во првата изборна единица Стево Пендаровски. Познат како „независен експерт“ кој милува народот да си го нарекува стока. Е сега, истиот тој лик од демек „граѓанскиот сектор“ ќе треба да му се спротистави на Груевски. Повторно бурлеската „граѓаните против режимот“. Бедотија, но ако тогаш беа столбовите „Да ја вратиме средната класа“, „Сакаме слобода“ и „Инвестираме во иднината“, сега столбови се „Надгради ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ“,  „Катице, аман, спаси не!“ и „Албанизација“. Сегашната кражба и надградба на проектите на ВМРО-ДПМНЕ би бил стариот „Да ја вратиме средната класа.“ Албанизацијата, пак, им е современ пандан на „Инвестираме во иднината.“

Минатиот месец се изнаслушавме како ќе ги подобрат сите проекти на владејачката партија. Така, Заев (човек тежок 12 милиони евра кој на своите вработени во Струмица им исплаќа минималец) серизно се загрижи за сиромаштијата, па лично вети 30% повеќе субвенции за грло и 20% повеќе за хектар, кираџијката Радмила ја дигна минималната плата која во нивно време ја немаше, а истиот тој Заев уште на Конгресот соопшти дека ќе ја засилат социјалната помош која од нивното владеење во 2006.година порасна за цели 70%. Арно, ама СДСМ не застана тука. Секоја прес конференција е насочена кон проблемот – колку субвенции за пелети би се добиле од Панорамското тркало, колку домаќинства би се гасифицирале од Триумфалната порта, колку градинки имало во Скопје 2014-та?! За „дивно“ чудо, цело време споредбите се со проекти кои веќе со години ги спроведува и ги „измисли“ токму ВМРО-ДПМНЕ. Пародијата да биде уште поголема, споредбата е меѓу два, сосема различни проекти на истата таа ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно, СДСМ и немаат со што би споредиле во нивно време, оти тогаш немаше проекти. Ах, да. Имаше. Приватизација, ТАТ, продажба на Телеком, територијалната поделба во подоцнежното и последно владеење итн. Дузина проекти кои не се ни за спомнување. И така, ветија сенешто. Но никој не објасни од каде пари во буџетот за вакво нешто. Истите оние кои до вчера ги кудеа субвенциите како гол популизам и „купување на народот“ сега ветуваат „брда и долине“. Друга манија и пасија им се „надуваните бројки.“ 640.000 се отселиле, а тие 4 пати помалку, башка од која националност, знаете. Попис, нели. Судбината на „фантомите“ ја знаете, по нив и државниот долг, па ветените плати итн. Да, „тик-так, тик-так“, до изборите има уште малку време, а македонски гласачи на контото на партијата уште троа помалку.

analiza218-katica-janeva-2

Трет столб: Катица. И толку…

Третиот столб, е наједноставен. Во 2014-та, истиот се викаше „Сакаме слобода“. Сега по ново, наместо со само мал додаток да го носи името „Катице, сакаме слобода“, тој  се вика „Катице, аман, спаси не!“ Најпрво, вистински спас од „Пуч“, „Поткуп“ и редица други прекршувања на законот, а второ спас за партијата во давањето крилја од Јанева со измислени предмети за политичките противници за, макар, поднослив пораз во декември. Девалвацијата на политичките противници и „непријатели“ и онака е средното име на партијата, принцип кој го практикува цели 25 години. И опстојува. Проблемот се јави во меѓународната заедница, која посака Јанева да биде помалку видлива во предизборието. Штета, нус-ефект кој предизвика нервозната Јанева да се кара со судии, по судови. И греота. Значи, дефинтивно штета, значи…

Пандов: Бранковиот ученик на се понудено од ВМРО-ДПМНЕ, нуди двојно!

pandovПро­це­на­та на „Ре­пуб­ли­ка“ во це­лост ја по­твр­ду­ва и по­ли­тич­ки­от ана­ли­ти­чар Але­ксан­дар Пан­дов, кој це­ни де­ка ако се су­ди од до­се­гаш­на­та по­ну­да од из­бор­на­та кам­па­ња на СДСМ мо­же­ме да зак­лу­чи­ме де­ка ќе ја по­де­лат на три де­ла.

Пандов: Првиот е делот во кој Заев се докажува со албанските политички првенци кој е поголем Албанец во Македонија. За оваа идеја, подржан и од неговите Соросови платеници, најбесрамно лицитира и ќе лицитира со македонските национални и државни интереси, нудејќи од промена на името и влез во НАТО и ЕУ за 6 месеци, па преку ротирачки премиер на две години (Албанец – Македонец), двојазичност на цела територија на Македонија, до федералицазија на татковината, а се со надеж дека на тој начин ќе придобие албански гласови. На оваа тема, веќе започнаа да се наддаваат албанските политички лидери, со уште поголеми барања, но верувам дека наш Заев  сите нив пред крајот на кампањата ќе ги изненади со понуди од типот, 30% застапеност на Албанците во јавната администрација или дупло помали придонеси на плата ако сте Албанец по род и слично. Во тоа име, верувам, ќе стави на листа неколку Албанци кои ќе бидат и на добитни места. И покрај сето ова на секого му е јасно дека Заев и СДСМ нема што да бараат кај албанските гласачи, а верувам дека тоа му е јасно и на Заев. Но злобата која го води во оваа политичка борба кај него е посилна и свесно остава вакво кукавичко јајце кое наредната влада ќе треба да го решава.

Вториот е можеби најзабавниот дел. Тоа е делот во кој Заев се чувствува суперериорно. Сите негови преземени знаења од менторот му Бранко Црвенковски треба да ги употреби. Па така, во Бранков стил  „по еден вработен од секоја фамилија”, Заев нуди минимални плати од 500 евра, на 140 градинки проектирани од ВМРО, Заев нуди 300 градинки, субвенции за земјоделците од 200 милиони евра или на се направено и понудено од ВМРО-ДПМНЕ, Заев нуди дупло. На прашање од каде пари за тоа, одговорот по правило секогаш е – од парите за панорамското тркало. Жално е што црпнатиот муртинец мисли дека македонските граѓани пасат трева или дека секое утро пиеме по една чашка нафта, па верува дека со лаги може да ја добие нашата доверба и дека одамна не е прочитан. Системот на детална изборна програма во која за секој еден понуден проект имате прецизен датум на започнување и датум на негово завршување, цена на чинење, задолжена институција која треба да го заврши тој проект, и конечно, и најважно, а тоа е на крајот отчетност за завршениот проект, е систем на работа на политичарите кои македонскиот народ и македонските граѓани го имаат прифатено како свој. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се човекот и партијата кои го воведоа во Македонија, работат по тој систем и го нудат како начин на работење за во иднина. Граѓаните знаат и проверено им е и докажано дека тоа што го ветува Груевски и ВМРО ќе биде исполнето. Од тука срамно и смешно е кога го гледаме како во стилот на политичар од 90-те, Заев нуди и тресе од ракав на кого што ќе му текне

Третиот дел од нивната кампања е црната и негативна кампања, во која морам да признаам се најсилни. Во овој дел, покрај СДСМ со својата структура и секогаш подготвениот соросов невладино – медумски корпус на војници,  веќе повеќе од година дена им се придодадени Катица Јанева и СЈО. Токму „дотичнава“ дефинитивно е, а верувам и ќе биде перјаница и ударна тупаница на нивната пропаганда. Свесни дека во редовите на нивната партија се луѓе кои се тотални анонимци, па никој нити ги приметува нити им верува или се веќе докажани манипулатори и лажови, па повторно никој не им верува, соросовиот сектор им е исто истрошен, компромитриран, корумпиран, а и поради честите навреди како сме биле глупи, цепаници и овци и во голема мерка омрзнат од народот, целиот акцент или најголемиот дел на негативната кампања се поагресивно им ја води Катица. Таа неуставна и параинституција која стана пример за непотизам и во која си вработуваат внуци, братуцеди и деца, одлика за нетраспарентност и трошење на наши пари без усул, а притоа не ни се поднесува ни сметка, „есдесовизација“ до максимум од бургии до кој се не, е таа СЈО и таа Катица Јанева, кои ние во наредниот период до изборите ќе бидеме принудени да ги гледаме и слушаме безмалку секој ден, со нови и нови пресови, во кој нормално по правило ќе бидат прозивани функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ и само на ВМРО-ДПМНЕ.

Цврсто сум уверен дека македонските граѓани го знаат сево ова и многу добро го сфаќаат. Македонците многу добро ја разбираат политиката и знаат кој им нуди реални проекти и кои се луѓето кои тие проекти ќе ги реализираат, а кој им нуди шарени лаги. Фактурата ќе им биде испорачана вечерта на 11-ти декември и на СДСМ и на Сорос и на СЈО…

Текстот е објавен во 218 број на неделникот Република, кој излезе од печат на 4 ноември 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top