| четврток, 6 декември 2018 |

Tерористите од Диво Насеље ангажирани за редефинирање на Македонија

 

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

 

Имај­ќи ја пред­вид не­о­дам­на про­ја­ве­на­та за­гри­же­ност на Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво за на­ру­шу­ва­ње­то на тај­но­ста на по­стап­ки­те што ги во­ди, пред сѐ по­ра­ди опас­но­ста да им се на­не­се ште­та на пред­ме­ти­те и на ин­вол­ви­ра­ни­те, ја ко­ри­стам мож­но­ста да ѝ ука­жам на Ка­ти­ца Ја­не­ва де­ка ми­на­та­та не­де­ла има­ше нај­мал­ку два та­кви слу­чаи кои ве­ру­вам де­ка ќе го прив­ле­чат неј­зи­ни­от ин­те­рес, а се­ка­ко и де­ка ќе ис­про­во­ци­ра­ат со­од­вет­ни ре­ак­ции од неј­зи­на стра­на. Со ог­лед на тоа де­ка до­се­га не срет­нав во ме­ди­у­ми­те ва­ков де­мант, прет­по­ста­ву­вам де­ка до неа не стиг­на­ле ин­терв­ју­а­та на пот­пре­тсе­да­те­лот на СДСМ, Але­ксан­дар Ки­ра­цов­ски, и на ад­во­ка­тот на об­ви­не­ти­те во слу­ча­јот „Ди­во На­се­ље“, На­сер Ра­у­фи, иа­ко се вред­ни за вни­ма­ние од по­ве­ќе ас­пе­кти, не са­мо по­ра­ди нив­ни­те из­ја­ви со кои се­ри­оз­но ја ди­скре­ди­ти­ра­ат ра­бо­та­та на Ја­не­ва и на СЈО.

Име­но, пот­пре­тсе­да­те­лот на СДСМ, во уло­га на порт­па­рол на СЈО, нај­а­ви „де­ка на­ско­ро се­ри­оз­ни пред­ме­ти на Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво ќе стиг­нат во ра­це­те на су­дии во скоп­ски­от кри­ви­чен суд кои по­зи­тив­но ќе од­го­во­рат на ба­ра­ња­та за мер­ки про­тив ви­со­ки функ­ци­о­не­ри во вла­ста“, а ад­во­ка­тот Ра­у­фи, пак, на иден­ти­чен на­чин откри де­та­ли од актив­но­сти­те на СЈО за слу­ча­јот „Ди­во На­се­ље“ (ка­ко и за слу­ча­јот „Мон­струм“). Бра­ни­те­лот на те­ро­ри­сти­те во ин­терв­ју­то пр­во откри­ва де­ка Ја­не­ва ра­бо­ти на пред­ме­тот, по­тоа де­ка има ин­фор­ма­ции за до­ка­зи­те што ги при­ба­ви­ла Ја­не­ва, а исто­вре­ме­но изра­зу­ва уве­ре­ност де­ка ќе го ре­ше­ла слу­ча­јот! По­крај се­то тоа, Ра­у­фи откри­ва уште ед­на тај­на на СЈО – ед­на од при­чи­ни­те за упа­дот на Ја­не­ва во УБК (мо­же­би) бил ток­му овој слу­чај!

Ако Ки­ра­цов­ски ди­рект­но ја на­ру­шу­ва тај­но­ста на по­стап­ки­те и упа­ту­ва за­ка­ни до функ­ци­о­не­ри од вла­ста, Ра­у­фи оди че­кор на­та­му и отво­ра про­стор за сом­неж де­ка СЈО и од­бра­на­та на те­ро­ри­сти­те од Ди­во На­се­ље дејс­тву­ва­ат ко­ор­ди­ни­ра­но во овие пред­ме­ти. А при­тоа, Ја­не­ва не се ни оби­ду­ва да ги отфр­ли ваквите сом­не­ва­ња. Вре­ме­то ќе по­ка­же да­ли има не­ка­ква по­вр­за­ност на твр­де­ња­та на Ки­ра­цов­ски со твр­де­ња­та на Ра­у­фи. Се­пак, и ва­ка об­ја­ве­ни­те ин­фор­ма­ции оста­ва­ат до­вол­но про­стор за сом­неж де­ка СЈО се­ри­оз­но се зло­у­по­тре­бу­ва во пре­диз­бор­на­та кам­па­ња на СДСМ, но и де­ка ра­бо­ти на ште­та на др­жа­ва­та, осо­бе­но во кон­текст на ре­а­ли­за­ци­ја на пла­нот за фе­де­ра­ли­за­ци­ја.

Ако мал­ку под­ла­бо­ко се ана­ли­зи­ра ин­терв­ју­то на Ра­у­фи, лес­но мо­же да се дој­де до зак­лу­чок де­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва од про­дол­же­на ра­ка на СДСМ ста­ну­ва можеби клу­чен дел од пла­нот за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та.

Ко­ја би би­ла неј­зи­на­та уло­га? Пред сѐ, да ја по­твр­ди (од­нос­но да не ја ос­по­ри) не­из­др­жа­на­та те­за на Ра­у­фи де­ка „на­ста­ни­те во Ку­ма­но­во се ор­га­ни­зи­ра­ни од ма­ке­дон­ски­те служ­би за да ја де­фо­ку­си­ра­ат јав­но­ста од бом­би­те на За­ев“. Со тоа, од ед­на стра­на, би се при­кри­ле тра­ги­те на ви­стин­ски­те ор­га­ни­за­то­ри, а, од дру­га стра­на, би се ди­скре­ди­ти­ра­ле без­бед­нос­ни­от си­стем и акту­ел­на­та власт. Во тој кон­текст, те­ро­ри­сти­те ќе би­дат прет­ста­ве­ни ка­ко жр­тви, од­нос­но ка­ко бор­ци за чо­ве­ко­ви пра­ва, а бра­ни­те­ли­те ка­ко крв­ни­ци и агре­со­ри.

Се­пак, до­кол­ку се ис­пол­нат нај­а­ви­те на ад­во­ка­тот, Ја­не­ва мо­ра да би­де свес­на и де­ка во исти­от тој мо­мент таа ќе ста­не ди­ре­ктен учес­ник во сце­на­ри­о­то за раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та. План кој се пров­ле­ку­ва во те­кот на це­ла­та по­ли­тич­ка кри­за, а јав­но се про­мо­ви­ра­ше не­по­сред­но пред, за вре­ме и по слу­чу­ва­ња­та во Ку­ма­но­во!

Се­то тоа мо­же да го утвр­ди и Ја­не­ва, мно­гу ед­но­став­но, со кра­тка ана­ли­за на на­ста­ни­те и на по­ли­тич­ки­те на­ста­пи на одре­де­ни по­ли­ти­ча­ри и јав­ни лич­но­сти.

Нај­до­бро би би­ло да поч­не со ана­ли­за на ин­терв­ју­то на ад­во­ка­тот Ра­у­фи во кое тој твр­ди де­ка во­о­ру­же­на­та гру­па не дош­ла во Ку­ма­но­во (со „еден тон“ оруж­је) да во­ју­ва, ту­ку да ис­по­ра­ча по­ли­тич­ки ба­ра­ња за нов Охрид­ски до­го­вор!

– Та­кти­ка­та бе­ше да се за­зе­ме одре­де­на те­ри­то­ри­ја, пра­ктич­но ту­ка се ра­бо­те­ше за не­кол­ку ули­ци, во Ди­во На­се­ље, ка­де што ќе се обез­бе­ди те­рен и ќе се дој­де до не­кои пре­го­во­ри за Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор – твр­ди Ра­у­фи.

Во обид да ги прет­ста­ви ка­ко бор­ци за чо­ве­ко­ви пра­ва, а не ка­ко обич­ни „ку­чи­ња на вој­на­та“, Ра­у­фи до­да­ва: „Не­ма до­ка­зи де­ка гру­па­та би­ла пла­те­на за тоа“.

kol218-2

Пр­ва­та кон­тра­ди­ктор­ност што про­из­ле­гу­ва од те­зи­те на од­бра­на­та е след­на­ва: ако ма­ке­дон­ски­те вла­сти ги ан­га­жи­ра­ле, а при­тоа не им да­ле па­ри за да го спро­ве­дат сце­на­ри­о­то, то­гаш ка­ко ги убе­ди­ле да дој­дат во Ку­ма­но­во? Вто­ро, зо­што ма­ке­дон­ска­та тај­на служ­ба за ва­кво опас­но сце­на­рио би ан­га­жи­ра­ла врв­ни про­фе­си­о­нал­ци, ве­те­ра­ни од бо­и­шта­та на Бал­ка­нот и во Си­ри­ја, гру­па ко­ја ва­же­ше за нај­о­пас­на во ре­ги­о­нот? Не­ли е по­ло­гич­но исти­от план да го из­ве­дат со пос­ла­бо обу­че­ни, не тол­ку до­бро опре­ме­ни и по­е­вти­ни пла­те­ни­ци, кои би мо­же­ле по­лес­но да се кон­тро­ли­ра­ат? И на кра­јот, зо­што ВМРО-ДПМНЕ би го отво­ри­ла пра­ша­ње­то за „нов Охрид­ски рам­ко­вен до­го­вор“ ко­га е свес­на де­ка тоа не­га­тив­но би вли­ја­е­ло врз сопс­тве­ни­от реј­тинг? Од дру­га стра­на, не­ли пла­нот за дво­ја­зич­ност и ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та се дел од про­грам­ска­та по­ну­да на Зо­ран За­ев и на СДСМ? Сле­деј­ќи го ова пра­ша­ње, мо­же да се откри­јат мно­гу ло­гич­ни од­го­во­ри.

За да се оби­де­ме да до­би­е­ме по­ве­ќе од­го­во­ри на оваа те­ма, ќе се вра­ти­ме на де­нот ко­га се слу­чи­ја на­ста­ни­те во Ку­ма­но­во. Ра­у­фи ве­ли де­ка „не­кој ѝ дал га­ран­ции на гру­па­та де­ка ќе би­де во Ма­ке­до­ни­ја до­де­ка го об­ја­ви со­оп­ште­ни­е­то, а по­тоа си­те без­бед­но ќе из­ле­зат, исто ка­ко што влег­ле во др­жа­ва­та“. Но, утро­то на 9 мај во 4.30 ча­сот поч­ну­ва­ат бор­бе­ни­ дејс­тва. Очиг­лед­но, ту­ка пла­нот трг­ну­ва во по­гре­шен пра­вец. За не­кол­ку ча­са те­ро­ри­сти­те поч­ну­ва­ат да вр­тат те­ле­фо­ни и да ба­ра­ат по­мош за изв­ле­ку­ва­ње и од функ­ци­о­не­ри на ДУИ и од ОБ­СЕ.

Спо­ред све­до­че­ње­то на Али Ах­ме­ти, тој до­бил по­вик за по­мош во 10.20 ча­сот, но ги од­бил. Пе­де­се­ти­на ми­ну­ти прет­ход­но, во 9.31 ча­сот, отка­ко очиг­лед­но не­кој сфа­тил де­ка овие лу­ѓе не­ма да мо­жат да ја ис­по­ра­ча­ат на­рач­ка­та, „дип­ло­мат­ски из­во­ри“ пре­ку опо­зи­ци­ски­от пор­тал „Ли­бер­тас“ точ­но ги иден­ти­фи­ку­ваа во­да­чи­те на те­ро­ри­стич­ка­та гру­па, но, ме­сто за „пра­ва на Ал­бан­ци­те“, во тек­стот ги опи­шаа ка­ко „пла­те­ни­ци со де­бе­ли до­си­е­ја кои тре­ба­ло да пра­ват ин­ци­ден­ти“:

„Две кри­ми­нал­ни бан­ди од Ко­со­во се пла­те­ни и до­не­се­ни од пред не­кој ден во Ку­ма­но­во за да пра­ват во­о­ру­же­ни ин­ци­ден­ти, за да се ши­ри па­ни­ка и страв ме­ѓу жи­те­ли­те на овој град, твр­дат дип­ло­мат­ски из­во­ри за „Ли­бер­тас“. Ед­на­та кри­ми­нал­на бан­да спо­ред на­ши­те из­во­ри ја пред­во­де­ле ко­ман­дант На­то од УЧК ,по­точ­но из­ве­сен Мир­сад Ндре­цај од Ко­со­во, и Бек Риз­вај, чо­век бли­зок на вли­ја­те­лен функ­ци­о­нер на ДУИ од Скоп­је. Оваа гру­па прет­ход­но не­кол­ку де­на би­ла во Слуп­ча­не оби­ду­вај­ќи се да при­до­бие жи­те­ли од се­ло­то да им се прик­лу­чат ну­деј­ќи им па­ри, но на­вод­но ни­кој од се­ла­ни­те не са­кал да им се прик­лу­чи. Од пред не­кој ден бан­да­та на ко­ман­дант На­то, ли­ца со де­бе­ло кри­ми­нал­но до­сие на Ко­со­во, од оние што ги из­нај­ми­ле и ги пла­ти­ле да пра­ват ин­ци­ден­ти во ку­ма­нов­ски­от ре­ги­он, до­би­ла за­да­ча след­на цел да ѝ би­дат стра­те­шки об­је­кти на гра­дот, ме­ѓу кои се, на­вод­но, и на­пад на по­ли­ци­ска­та ста­ни­ца во гра­дот и на згра­да­та на Оп­шти­на Ку­ма­но­во“.

kol218-3

kol218-4

Во овој текст (кој по­доц­на е из­бри­шан од веб-сај­тот на „Ли­бер­тас“) единс­тве­на слич­ност со вер­зи­ја­та на Ра­у­фи е де­ка гру­па­та би­ла ан­га­жи­ра­на од вла­ста! Всуш­ност, ва­кви тек­сто­ви со не­ви­сти­ни­та или по­лу­ви­сти­ни­та со­др­жи­на за слу­чу­ва­ња­та во Ку­ма­но­во беа об­ја­ву­ва­ни во те­кот на це­ли­от ден пре­ку опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми, пред сѐ за на­вод­ни ци­вил­ни жр­тви, со што тре­ба­ше да се ди­скре­ди­ти­ра­ат без­бед­нос­ни­те си­ли.

kol218-5

kol218-6

За вол­ја на ви­сти­на­та, на 9 мај, до­де­ка тра­е­ја бор­би­те во Ку­ма­но­во, бе­ше ис­пра­те­но со­оп­ште­ние за јав­но­ста во кое се ба­ра­ше ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та и нов охрид­ски до­го­вор, но не од гру­па­та на Мир­сад Ндре­цај и на Бег Ри­зај (кои во пре­стрел­ка­та со по­ли­ци­ја­та беа уби­е­ни), ту­ку од из­ве­сен ко­ман­дант на „гар­да­та на Ре­пуб­ли­ка Или­ри­да“, Хам­ди Ндре­цај Пан­те­ри кој, пак, не учес­тву­ва­ше во на­ста­ни­те. Ова со­оп­ште­ние по­ми­на не­за­бе­ле­жа­но во јав­но­ста и ни­кој не го сфа­ти се­ри­оз­но. А, де­ка гру­па­та пла­ни­ра­ла да ба­ра отво­ра­ње на Рам­ков­ни­от до­го­вор твр­ди и еден од уап­се­ни­те, ко­ман­дант Ма­ли­ше­ва, во пис­мо ис­пра­те­но од за­тво­рот во При­леп, а кое бе­ше об­ја­ве­но во не­кои ал­бан­ски ме­ди­у­ми не­кол­ку ме­се­ци по­доц­на.

kol218-7

Ана­ли­зи­рај­ќи ги нив­ни­те све­дош­тва, се на­мет­ну­ва­ат пра­ша­ња кој ги ан­га­жи­рал те­ро­ри­сти­те да ба­ра­ат та­кво не­што и да­ли тие тре­ба­ло да би­дат иско­ри­сте­ни за це­лос­но да се тур­не Ма­ке­до­ни­ја на ко­ле­на со цел да би­де при­ну­де­на да при­фа­ти нов рам­ко­вен до­го­вор? Од­го­вор на овие пра­ша­ња оче­ку­вам да да­де и истра­га­та на Ка­ти­ца Ја­не­ва.

Се­пак, ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та не се отво­ри ка­ко пра­ша­ње во Ку­ма­но­во, ту­ку во Скоп­је, и тоа од Бран­ко Цр­вен­ков­ски, кој слу­чај­но или на­мер­но се по­ја­ви во ви­стин­ски мо­мент во ин­терв­ју на „Тел­ма“, пет де­на пред на­ста­ни­те во Ку­ма­но­во:

– По де­вет го­дини еле­мен­тар­на не­по­го­да на­ре­че­на пре­род­ба, на Ма­ке­до­ни­ја ѝ е не­оп­ход­но ре­ди­зај­ни­ра­ње, ре­де­фи­ни­ра­ње на це­ло­куп­ни­от оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки и еко­ном­ски си­стем. Тоа ќе би­де ма­ко­трп­на ра­бо­та, сло­же­на ра­бо­та. Но, пр­ви­от пре­дус­лов за да се соз­да­дат шан­си за да поч­не тој про­цес е оваа власт да си за­ми­не! Оваа власт не мо­же да би­де дел од ре­ше­ни­е­то на по­ли­тич­ка­та кри­за би­деј­ќи са­ма­та власт, по­точ­но Гру­ев­ски, е ар­хи­те­ктот на овој си­стем во др­жа­ва­та – ќе ре­че Цр­вен­ков­ски во ин­терв­ју­то.

kol218-8

Да­ли Цр­вен­ков­ски имал ин­фор­ма­ции де­ка гру­па­та ќе ис­по­ра­ча по­ли­тич­ки ба­ра­ња? Зо­што по тол­ку вре­ме молк, Па­па­та ре­ши да се по­ја­ви со ва­ква те­за ток­му пред ку­ма­нов­ски­те на­ста­ни? Мо­же­би Ја­не­ва ќе се ос­ме­ли да пра­ша и да ја рас­чи­сти ди­ле­ма­та.

Не тре­ба да за­бо­ра­ви­ме и де­ка два­на­е­сет де­на по Ку­ма­но­во, Зо­ран За­ев го да­де фа­моз­но­то ин­терв­ју за ко­сов­ска­та РТК1, во кое го нај­а­ви тоа што, ка­ко што ве­ли Ра­у­фи, тре­ба­ло да го ба­ра­ат те­ро­ри­сти­те од Ди­во На­се­ље: ве­ти про­ши­ру­ва­ње на Охрид­ски­от до­го­вор, це­лос­на дво­јаз­нич­ност, но и ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то пре­ку мул­ти­ет­нич­ност!

От­ту­ка ми се на­мет­ну­ва­ат по­ве­ќе ди­ле­ми: да­ли е слу­чај­но тоа што За­ев и Цр­вен­ков­ски во рок од две не­де­ли из­ле­гоа со исти те­зи за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та и тоа ток­му во екот на на­ста­ни­те од Ку­ма­но­во? Да­ли и пред ко­го ја сви­ткаа по­ло­ви­на­та на ште­та на ма­ке­дон­ски­от на­род? Да­ли е мож­но нив­на­та ви­зи­ја за ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја слу­чај­но да се сов­па­ѓа со ви­зи­ја­та на ко­ман­дант Ма­ли­ше­ва, Мир­сад Ндре­цај, Бег Ри­зај… од­нос­но, со нив­ни­те на­ло­го­да­ва­чи во чи­е­што име тре­ба­ло да го ис­по­ра­ча­ат ба­ра­ње­то за нов охрид­ски до­го­вор? Нај­пос­ле, да­ли е мож­но си­те овие да би­ле ко­ор­ди­ни­ра­ни од исто ме­сто? Мож­но ли е и За­ев и Цр­вен­ков­ски да би­ле ма­ни­пу­ли­ра­ни од ма­ке­дон­ски­те без­бед­нос­ни си­ли?

Од­го­во­ри и на овие пра­ша­ња ба­рам од Ка­ти­ца Ја­не­ва. Оче­ку­вам де­ка ба­рем во овој слу­чај ќе по­ста­пи про­фе­си­о­нал­но и об­је­ктив­но, пред сѐ за­ра­ди неј­зи­на­та об­вр­ска да ги шти­ти ин­те­ре­си­те на др­жа­ва­та и на гра­ѓа­ни­те, а не на пла­те­ни вој­ни­ци и по­ли­тич­ки без­р­бет­ни­ци. Во спро­тив­но, мо­ра да би­де свес­на де­ка еден ден и таа ќе мо­ра да од­го­ва­ра за сво­и­те по­стап­ки и за ште­ти­те на­пра­ве­ни кон др­жа­ва­та.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top