| четврток, 6 декември 2018 |

Мафијашка порака и последна опомена за Вучиќ: Поранешниот разузнавач го предупреди премиерот

bracanovic-foto-zorana-jevtic-1396940044-475675

Ова е последна опомена за премиерот Вучиќ, тврди Милорад Брачановиќ поранешен заменик шеф на Безбедносно-информативната агенција на Србија, коментирајќи ги случувањата со пронајденото оружје во близина на куќата на српскиот премиер.

Тој смета дека се работи за мафијашка порака упатена кон Вучиќ.

– Целата на оваа акција е да се прати порака до претседателот на владата или можеби последно предупредување. Доколку нешто не се промени мислам дека може крајот да биде кобен за него или за некој од неговите блиски од семејстовото, изјавил Брачановиќ.

Автомобилот полн со сандаци со оружје на тоа место бил оставен за да биде најден, смета поранешниот разузнавач, за да прати одредена порака.

– Тоа е порака. Порака дека нешто ќе се случи доколку одредени рабти не ги смени. Атентаторите очигледно можеле да го извршат нападот, но тоа не им била намерата, барем засега. Ова е мафијашка порака, вели Брачановиќ кој додал дека случајот има потпис од западните служби.

akcija

Кога станува збор за новиот арсенал на оружје откриен во Нов Белград, за поранешниот разузнавач тоа е јасна паралела со настаните кои му претходеле на убиството на Зоран Џинџиќ.

Оружје пронајдено во гаража

– Оваа гаража со оружје, тоа е потполно иста приказна како и обидот, а потоа и убиството на Зоран Џинџиќ, кога „аудито на смртта“ беше пронајдено во мала гаража кај Комбанк арената, тврди Брачановиќ.

– Автомобилот кој сега беше пронајден, бил украден во јануари оваа година. Да бил украден неодамна, него уште би го барале. Тоа укажува на професионализам. Со оглед на тоа што се пронајдени автоматски пушки, телефони за активирање на експлозив и 400 грама пластичен аксплозив со кој може да се сруши еден објект со средна големина, тешко дека сето тоа таму е најдено случајно и дека станува збор за некакви аматери, вели тој.

oruzje

Брачановиќ исто така напоменал дека дека овие заклучоци ги носи на основа на јавно достапните информации кои ги соопштиле офоцијалните институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top