Холивудската мега-ѕвезда Илајџа Вуд, човекот кој веројатно најмногу го препознавате по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, доаѓа во Скопје и на 19 ноември ќе одржи концерт со музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom. Концертот ќе се одржи во рамките на 15. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ кој ќе трае од 10 до 19 ноември. Фестивалот традиционално го организира Младинскиот културен центар.
– Концертот на Илајџа Вуд со музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom, ќе биде во „Денскинг сала“ во МКЦ. Билетот чини 200 денари – изјави Златко Стевковски, директорот на МКЦ.
Вуд првично требаше да дојде во Скопје на „Здраво Млади“ на 3 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.