Кога се работи за децата и мобилните телефони, сигурно сте забележале дека „љубовта“ меѓу нив веднаш се појавува.
Функциите што паметните мобилни телефони ги имаат денес, ги чинат полезни за сите, и за децата и за нивните родители. Со нив детето е во контакт со своите блиски, во секое време и од кое било место, игрите и апликациитена паметните уреди му помагаат да ја развиеумешноста и креативноста. Но, како што многу нешта во животот имаат свој „минус“ и свој „плус“, така е и во овој случај. Со сè поголемата присутност на децата на интернет и на социјалните мрежи, се зголемува и потребата за нивна заштита и безбедност, оттука и паметните телефонимора внимателно да се користат и да се воведат во семејството.
Родителот треба да биде свесен за предностите, но и за опасностите што ги демнат децатана интернет!
Паметниот телефон е клучот за непречен пристап до интернетот и до многуте бенефиции, но идо опасности штодоаѓаат од него. За разлика од возењето автомобил, не постои законска дозвола ниту упатство за родителот, за да утврди кога детето може да биде подготвено за паметен телефон.
Притоа, не треба да се потценат одредени влијанија штоги имаат социјалните мрежи врз малолетните лица, врз нивниот развој и врз психата. Многу лесно се разменуваат приватни содржини и говори на омраза, се вреднуваат нештата врз основа на што повеќе собрани „лајкови“ итн. Сето тоа може да доведе до лажна претстава кај детето за себе и за тоа како него го гледа околината. Опасност демне и од лажните профили на непознатите лица или т.н. интернет-грабливци, кои можат да ги следат децата и да се поврзат со нив.
Принципот, сепак,и за ова останува ист: ако е нешто строго забрането и се задаваат многу правила, поголеми се и предизвиците тие да се заобиколат. Оттука, мистериозниот превез треба да госнема, а наместо тоа, родителитетреба да се едуцираат како да се заштитат и себеси и децата од „губењето“ време на интернети негово претворање во „квалитетно“,т.е. корисно поминато време пред екраните, за сите во семејството.
Некои експерти укажуваат на тоа дека децата треба прво да стекнат самодисциплина и да ја сфатат вредноста на директната комуникација‒ лице в лице, па дури потоа да добијат паметен телефон. Секако, не се сите деца исти и не постојат строги правила за годините, она што е битно е степенот на нивната зрелост и развиеноста на чувството за одговорност и самоконтрола кај детето и воопшто кај младите.
Во таа насока, потребна е родителската контрола и надзор прикористењето на паметните телефони, воведување определени правила на однесување во семејството кога станува збор за телефоните, ограничување на трошоците и времето на нивната употреба и користење апликации со кои можат да се заштитат децата од несакани интернет-содржини и активности.
Апликации за родителска контрола за поголема заштита и безбедност на децата и на тинејџерите
Покрај едукацијата и воспоставувањето т.н. „куќен ред“, одредени правила за користење на интернетот и паметните уреди во домот и надвор од него, постојат и корисни софтвери и апликации штоможат да се инсталираат на уредите и штона родителите им нудат поголема сигурност и контрола за безбедно користење на мобилниот од страна на нивните малолетни деца, без притоа да треба да се однесуваат премногу заштитнички и постојано да ги испрашуваати да ги ограничуваат во нивните активности.
Секако, кога станува збор за тинејџерите, добро е и тие да се запознаат со инсталирањето и со потребата од софтвер за родителска контрола за да гледаат нанего, пред сè,како заштитна мерка, а не како мерка за следење.
Некои од основните опции за родителска контрола се:ограничувањето наинтернет-прелистувачите и пристапот до содржините за возрасни, како и заштитата на приватноста на личните податоци и спречувањето на апликациитештокористат некои податоци од мобилните телефони.
Поразвиените софтвери и апликацииимаат и повеќе опции и корисни функции што родителите можат да ги изберат и да ги комбинираат. На пример, тие, преку нив можат автоматски да добиваатизвестувања и статистички податоци за користењето на уредот од страна на нивното дете; да го ограничат времето на користење на уредот/интернетот или одделната апликација; да ги следат објавите на „Фејсбук“ во кои се спомнуваат нивните деца; да ги гледаат измените во листата на нивните пријатели, а особено кога станува збор за најмладите, постои можност за добивање известувања преку уредот за тоа дали детето се движи во однапред назначената зона, на пример,дали е на училиште или пред зграда и сл., или го напуштило тоа место.
Оттука, развојот на дигиталниот свет неминовно налага и родителите да бидат вклучени во него, да се запознаат со сите опции штоим ги нуди модерната технологија, за да знаат како најдобро да ја искористат, без притоа да ја заборават својата воспитна улога, односно улогата на родител.
извор охрид 1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.