Откако изјави дека ќе ја даде неговата девојка манекенката Фани, на сите играчи на Реал Мадрид, само ако ја победат Борусија, таа, многу јасно, по итна постапка му раскина на кралот на глупавите изреки и постапки.
Сепак Марио Балотели, на ваков или таков начин еден од најпознатите светски фудбалери, разбирливо, не остана долго време сам. Не почека ни две недели, па си најде нова убавица која ќе ја запише во листата на освоени жени.
На дербито протов Рома во ложата на „Сан Сиро“ вниманието го привлече една атрактивна бринета, која беше во друштво на братот на Балотели, а медиумите се сигурни дека тоа е новата девојка на Супер Марио.
Не џабе велат „Глупавите луѓе – среќата ги прати“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





