| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски, оставка!

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, побара оставка од техничкиот министер Оливер Спасовски по прес-конференцијата на која изнесе куп невистини и се обиде да ја заштити криминалната структура која ја води предизборната битка на СДСМ во недостаток на политички капацитети на партијата.

Веднаш по интервјуто на Диме Спасов на ТВ Нова, во кое направи реконструкција на настанот од петокот вечерта, кој соросовите медиуми го испревртоа и направија викенд-сензација, Спасовски излезе на прес-конференција и безобразно, во име на полицијата која треба да не штити, изјави дека има снимки на кои се гледа дека никој не го брка Спасов и не му се заканува.

Но, снимките за кои зборува Спасовски покажуваат дека на лагата ѝ се кратки нозете. Затоа, не само Илија Димовски, целата македонска јавност бара оставка од техничкиот министер на СДСМ, зашто полицијата постои да го брани народот, а не да го тероризира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top