| четврток, 6 декември 2018 |

Почина баритонот Славчо Димовски-Човекот кој 40 години беше заштитен знак на отворањето на Мајските оперски вечери

Од Македонската опера и балет денеска соопштија дека утринава почина оперскиот солист, баритонот Славчо Димовски.

-Човекот кој 40 години беше заштитен знак на отворањето на Мајските оперски вечери, боем, вљубеник во уметноста…Само пред десеттина дена бевме заедно на сцената за последен пат! Ми се пожали дека некоја алергија те навасала, не се чувствуваш најдобро. Не ни помислив дека вака ќе завршиш. Почивај во мир, вечна ти слава!, напиша на својот Фејсбук профил Весна Гиновска Илкова со која долги години ја делеја сцената.

Својата кариера ја започна како хорист-баритон во Хорот на Македонската опера и балет, за подоцна да биде назначен за солист. Како хорист учествувал во сите оперски и вокални инструмантални изведени на сцената на Македонската опера и балет. Како солист толкувал средни улоги од баритонскиот фах, меѓу кои: Шарплес во „Мадам Батерфлај“, Доктор Гренвил во „Травијата“, Анџелоти во „Тоска“, Мандарин во „Турандот“, Монтероне во „Риголето“ и др. Како маркантна фигура, остана запаменет како толкувач на улогата на Дон Кихот во истоимената балетска претстава.

Погребот на Славчо Димовски е извршен во четврток, 03.11.2016 г.

По повод смртта на Славчо Димовски, во петок, 04.11.2016 г. во 14 часот, во Press Салонот на Македонската опера и балет, ќе се одржи комеморација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top