Одлична вест за Тетово и за целиот полошки регион, и добра вест за целокупната македонска економија. Денес се означува и официјалниот почеток со работа на американската компанија за автомобилски делови „Леар“, која инвестираше во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово и која по комплетирањето на инвестицискиот циклус треба да вработи најмалку 2000 луѓе, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на „Фејсбук“.
Тој нагласи дека оваа инвестиција не е успех само за македонската економија, туку е придобивка и за Полошко и ќе им обезбеди егзистенција, сигурност и можност за планирање на иднината на 2.000 семејства.
–Станува збор за сериозна корпорација која се вбројува во една од 500-те најголеми на листата на „Форчн”, со повеќе од 130 илјади вработени и над 30 фабрики низ светот. Првиот контакт со компанијата е остварен во 2013 година од страна на министерот Веле Самак, кој во Германија го посети нивното европско седиште. По долготрајни разговори и вложениот труд во 2015 година компанијата донесе одлука да инвестира во Македонија во конкуренција со повеќе земји од регионот, објасни Груевски.
Американската фабрика се занимава со производство на навлаки за автомобилски седишта. Во моментов „Леар“ работи во новоизградена фабрика во зоната во Тетово на површина од 12.000 квадратни метри. Во моментов се вработени околу 500 лица, а во наредните два месеци се очекува нивниот број да се зголеми на 800 вработени. Исто така, се очекува фабриката да се прошири и вкупно да се вработат 2000 лица.
-Отворањето на работни места и придвижувањето на економијата е она што ги решава проблемите на граѓаните и е она кон кое сме ние најсилно фокусирани. Оваа инвестиција е дотолку значајна што се реализира во време на тешка политичка криза, што само докажува дека не ние се откажуваме од нашето ветување да се бориме за секое ново работно место. Продолжуваме да создаваме и понатаму, заедно со граѓаните, да постигнуваме уште повеќе дела и успеси, поздрави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски