| четврток, 6 декември 2018 |

ФА одлучи, казна и суспензија за Мурињо

murinjo

Фудбалската Асоцијација на Англија му изрече суспензија од еден натпревар на Жозе Мурињо поради двете дисциплински постапки против стратегот на Манчестер јунајтед во изминатите дваесетина дена. Воедно, Португалецот ќе треба да плати и 58.000 фунти како казна поради коментарите за судијата Ентони Тејлор пред дербито со Ливерпул, како и за црвениот картон добиен од Марк Клатенбург на последниот дуел со Барнли.

Казната значи дека Мурињо следнот натпревар во Свонси ќе мора да го следи од свечената ложа, а ФА му дозволи на „специјалниот“ да може да влезе во соблекувалната пред мечот и на полувремето, за да им подели совети на своите фудбалери.

Жозе Мурињо денеска ќе го предводи Манчестер јунајтед на гостувањето против Фенербахче во рамките од Лигата на Европа, во обид барем во европското натпреварување да влезе во победнички ритам кога веќе тоа не му успева во Премиер-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top