Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Импресии“. Како солист ќе се претстави харфистката Мојца Злобко Вајгл од Словенија, која ќе ги изведе Светите и профани танци од Клод Дебиси и Интродукција и алегро од Морис Равел.
Диригент на концертот е Борјан Цанев, кој е добитник на македонското признание „Најдобар музички изведувач во 2013 година“.
Мојца Злобко Вајгл (1967, Љубљана) е солист и камерен музичар со интернационална кариера. Предава на Академијата за музика во Љубљана, каде дипломирала во 1991 година, период кога почнала да работи и како соло-харфистка во оркестарот на Словенечката опера и балет. Настапувала со ансамбли, вклучувајќи ги и Берлинскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Стокхолм, Камерниот оркестар на Хамбуршката филхармонија, Гудачкиот квартет „Лајпциг“, квартетот „Орфеус“, Белградската филхармонија, Сараевската филхармонија, Националниот оркестар на Киев.
На концертот ќе бидат изведени и два танца од балетот „Естанција“ оп.8 од аргентинскиот композитор Алберто Гинастера, како и Кармен свитата од Родион Шчедрин.
Македонската филхармонија со изведбата на дело од Гинастера, се приклучува кон јубилејот – 100 години од раѓањето на еден од најзначајните аргентински композитори и латиноамерикански музичари на 20 век. Неговиот балет „Естанција“ е едно од делата сместени на врвот од неговото творештво и често е дел од репертоарот на симфониските оркестри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан