Електричните автобуси кои ќе бидат купени следната година, ќе сообраќаат на трасата каде што требаше да се гради линијата за трамвај, најави вчера градоначалникот на Град Скопје Kоце Трајановски на првиот ден од манифестацијата Дeнови на енергетската ефикасност на град Скопје.
– Електричните автобуси ќе значат многу за градот Скопје, прво од еколошки аспект тие се многу значајни, практично тоа ќе биде зелената линија на градот. Набавката на овие електрични возила ќе биде десет пати поевтина, отколку кога би правеле транвај за истата должина и истиот капацитет на пренос на луѓе со тоа што дополнително нема да бидат раскопувани улиците и ќе се движиме во трендот како што се движи светот, потенцираше Трајановски.
Деновите на енергетската ефикасност 2016 ќе се одржуваат до 4 ноември. Според плановите, во главниот град следната година ќе бидат набавени вкупно 50 електроавтобуси, од кои 20 ќе бидат зглобни, а 30 минибуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.