Четири нови електрични возила за чистење и полирање на плоштадите и улиците во Скопје денеска беа промовирани на полоштадот „Македонија“.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека јавното претпријате „Комунална хигиена“ е едно од првите претпријатија кое најсериозно се зафати со оваа проблематика за миење и чистење на улиците.
– Денеска промовираме две возила за хигиена на плоштадот „Македонија“ кои покрај тоа што го мијат и го полира мермерот. Третото возило е за одржувањето на хигиената на улиците, кое покрај плоштадот ќе работи и на улицата „Македонија“, а четвртото е за празнење на отпадот од возилата за хигиена, појасни Трајановски.
Градоначалникот информира дека секое jавно претпријатие во Скопје за 2016 година има буџетирано средства за набака на електромопеди и електрични велосипеди.
Според директорот на Комунална хигиена Ракип Дочи, дневното полнењето на батериите на возилата ќе чини од две до три евра.
Вредноста на возилата е 13.5 милиони денари, а од „Комунална хигиена“ информираат дека за оваа година имаат порачано уште три електромопеди за администрација и службите на претпријатието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.