| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Панчевски реагира: Жртви сме на власта во општина Центар!

Во однос на денешните случувања пред објектот што е во сопственост на моето семејство ве информираме дека одлучивме како семејство да се руши и пред да ги добиеме одлуките од второстепена комисија поради засилениот медиумски притисок и секојдневни закани на општинската власт бидејќи стравуваме дека градоначалникот ќе ја реализира заканата со секојдневни агресивни реакции по медиуми во врска со објектот сега рушиме се за што општинската власт издала легални одобренија.

На тој чекор се одлучивме бидејќи се заканија дека ќе рушат со некаква кратка постапка и да го срушат целиот објект, а што се однесува до роковите по кои треба да одлучи второстепената комисија, тие се долги и одлуката е неизвесна.

Цела недела нашето семејство трпи штета по угледот и имотните права бидејќи од власта во општината ни се ограничи основното Уставно загарантирано право на сопственост што е изградена во 1928 година.

Направена е проценка на тоа што се руши како штета, па по добивање на одлуката од второстепената комисија ќе биде поведена соодветна судска постапка“.

Со почит

Семејство, Панчевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top