| четврток, 6 декември 2018 |

Театар 007 ќе гостува во Белград и во Софија

Независната продукција „Театар 007“, на покана од приватниот „Дах Театар“ од Белград, овој викенд ќе гостува во српската престолнина со претставата „Игра“ работена според расказите на Д. Хармс, а во режија на Игор Ивковиќ.

Претставата ќе биде изведена во недела (15 ноември, 2015) на сцената на „Дах театар “ во Белград, а два дена подоцна, поточно на 17 ноември 2015 (вторник), „Театар 007“, со истата претстава ќе гостува на сцената на „НБУ Театар“ во Софија, Бугарија.

-Ова гостување е дел од плодната соработка на „Театар 007“ со колегите од регионот и Европа кои како основен принцип на работа е назависното професионално творештво и заложбата за алтернативни и експериментални театарски форми. Со ова гостување „Театар 007“, ќе ја промовира својата плодна неколку годишна работа, а веруваме дека истото ова гостување ќе биде од особен интерес и за отворање нови поглавја во копродукциските проекти – вели Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.

Инаку, претставата „Игра“ премиерно беше изведена во 2009 година. „Театар 007“, со оваа претстава имаа учествувано на бројни престижни театарски фестивали, а во 2013 година, на фестивалот „Театрален куфер“ во Минск, Белорусија, ја освои наградата за „Најдобра претстава со невербална комуникација“.

Во претставата играат: Филип Кипровски, Фаик Мефаилоски, Ангела Наумоска, Јана Пауноска, Илина Матеска, Дарко Богески, Стефан Петровски, Анастасија Ашкилова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top