Манчестер сити успеа да и се одмазди на Барселона за убедливиот пораз на „Камп Ноу“ (4-0) и синоќа славеше на „Етихад“ со 3-1, најавувајќи дека ќе се бори и за првото место во групата Ц. Тренерот Пеп Гвардиола, кој во минатото беше и на клупата на Барса, вели дека Манчестер сити успеал да го победи најдобриот тим во светот.
– Многу сум среќен за момците, ова е првпат да го победиме најдобриот тим во светот. Ако анализираме, на првиот меч на „Камп Ноу“ игравме подобро до таа 38.минута (кога беше исклучен голманот Клаудио Браво), но таков е фудбалот. Овојпат губевме, но многу ни помогна израмнувачкиот гол. Потоа имавме уште неколку контранапади кои беа одработени одлично, а Гундоган едноставно беше феноменален. Знаете, многу тешко за клуб како Манчестер сити, кој не бил во Европа изминатите 25 години, да излезе и да се натпреварува со најдобрите. Но, покажавме дека имаме голем напредок – изјави Пеп Гвардиола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.