| четврток, 6 декември 2018 |

Ја малтретирала и ја терала да пита – маќеа од Куманово се терети за негрижа

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М. (44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.

Пријавената, како родител-маќеа на шестгодишно девојче, грубо ја запоставувала нејзината должност за грижа и воспитување со што го запуштила детето кое на 30 септември, околу 12.30 часот од својот дом го однела во центарот на градот наведувајќи го на питачење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top