| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Лондон: Италијански принц прегазен од шлепер додека возел велосипед

Дваесет и едно годишниот Филипо Корсини, наследник на благородничката фамилија од Фиренца, загина во Лондон во понеделникот попладне.

Имено, студентот одел на предавање во Регент Универзитетот во Лондон, каде студирал Интернационален бизнис.

Според очевидците, Корсини бил влечен 25 метри преку крстосницата пред да почине од тешките повреди.

Принцот бил удрен од камион пред стоковната куќа Харви Николс во 12:40 часот

Докторите го прогласиле за мртов само половина час подоцна.

Фамилијата Корсини е една од најстарите благороднички фамилии во Фиренца. Нивното семејно стебло се протега се до средниот век.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top