| четврток, 6 декември 2018 |

Три капитални инвестиции во општина Зрновци

Согласно општинската програма за изградба на комунална инфраструктура, општина Зрновци потпиша три договори за изградба на капитални објекти од областа на детската заштита, екологијата и комуналната инфраструктура. Договорите се потпишани со компанијата изведувач „Актива“ од Штип, а ќе започнат да се реализираат веднаш.

– Едниот од договорите се однесува на изградба на детската градинка која ќе биде лоцирана на излезот од населбата кон Кочани на површина од 400 метри квадратни со капацитет од 90 деца во јасли и градинка. Вкупната вредност на објектот ќе биде 240 илјади евра. Министерството за труд и социјална политика ќе учествува во целосното опремување на градинката, изјави Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Вториот проект според Станков се однесува на уредувањето на Зрновска река втора фаза од излезот на населбата до вливот во река Брегалница. За оваа намена ќе бидат инвестирани средства во износ од 12 милиони денари. Третиот договор се однесува на изградбата и асфалтирање на крак од улиците „Скопска“ и „Генерал Апостолски“ во населеното место Зрновци, за што се обезебедни три милиони денари.

Финаниските средства за овие три капитални инвестиции на општината се обезбедени од Европските фондови преку програмата МСИП за развој на руралните средини.

ТАГОВИ:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top