Според тиражниот италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ од Милано, менаџерот на Марко Верати минатата недела се сретна со претставниците на Интер и почнал преговори за враќање на репрезентативецот во неговата татковина.
Верати има голема желба да се врати на „чизмата“, бидејќи е незадоволен со статусот во францускиот шампион откако пристигна Унаи Емери на клупата на местото на Лоран Блан.
Некогашниот фудбалер на Пескара е желба и на Милан и Јувентус, а ако одлучи да го напушти ПСЖ, сигурно интерес ќе покажат големите клубови од Англија и Шпанија. Пазарната цена на Верати се проценува на 65 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите