Илкај Гундоган уште еднаш покажа зошто беше прво засилување на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, откако германскиот ас одигра фантастичен меч против Барселона, предводејќи ги „граѓаните“ до огромна победа над еден од најголемите европски клубови. Гундоган, кој два пати го совлада својот сонародник Тер Штеген, го потенцираше фантастичниот карактер на својот тим како главен фактор за успехот.
– Не е до тактиката, туку до менталитетот. Доминиравме против тим како Барселона, и тоа откако каталонците први дојдоа до водство. Покажавме сила и карактер, им приредивме уживање на навивачите, нема што повеќе да се посака – изјави Гундоган.
Германскиот ас постигна три гола и две асистенции на последните два натпревари за Манчестер сити, потврдувајќи го беспрекорното функционирање во средниот крај Кевин де Бруин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.