| четврток, 6 декември 2018 |

Ако стане претседател на САД, Трамп ќе ги укине здравствените реформи на Обама

tramp

Републиканскиот претседателски кандидат на изборите во САД, Доналд Трамп, изјави дека доколку стане нов американски претседател под итно ќе свика специјална сесија на Конгресот на која ќе бара да се укине и замени законот за достап до здравствената заштита, пренесоа американските медиуми.

На предизборен митинг во предградие на Филаделфија, на кој многу се залага да ја освои демократски ориентираната држава Пенсилванија, Трамп зборуваше за здравствената реформа, воведена од претседателот Барак Обама.

Кандидатот за Белата куќа изјави дека реформата, што популарноста ја стекна како „Обамакер“, е катастрофа и треба многу брзо да се замени. ­Ако тоа не се случи засекогаш ќе ја уништиме американската здравствена заштита, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top