Само неколку часа пред големата пресметка на Манчестер Сити и Барселона на „Етихад“, сите кои се наоѓале на стадионот, вработените како и навивачите, биле евакуирани од објактот поради безбедност.
Еден од фановите кој бил присутен блиску до стадионот на друштвената мрежа Твитер, напиша:
– Се се евакуира од Етихад, алармот е вклучен!, но не се знае зошто се случила евакуацијата. Веќе има повеќе фотографии пред Етихад, кои кружат низ друштвените мрежи, а кои сведочат за напнатата ситуација пред стадионот на Манчестер Сити.
Барселона вечерва гостува во Манчестер, по трите победи кои ги оствари во досегашната сезона во групата фаза од ЛШ. Но сепак, допрва треба да се соопшти дали вечерва натпреварот ќе се игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.