Даниела Бабиќ (24) од Змајево, се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила синоќа помеѓу местата Кишац и Степановиќево, била пронајдена и тоа од страна на нејзините роднини, цели 9 часа по незгодата.
Како што пишува Ало.рс, таа враќајки се од работа изгубила контрола над возилото и завршила во длабока бразда крај патот. Возилото никој не го забележал, а кога го нашле било превртено. Смрзнатата девојка која повредена цела вечер ја минала крај патот ја нашле нејзиниот брат и татко дури утрово откако самите тргнале во потрага кога сфатиле дека таа нема да се врати.
Даниела била премрзната, а според портпаролката на Клиничкиот центар во Војводина таа има тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.