| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за сообраќајката кај Битола – возачот загина, сопатникот во болница

Вчера во 13.30 часот на патот Битола-Ресен В.С. (62) од Битола, управувајќи со автомобил „киа спортаж“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од патот и удрил во метален заштитен браник, по што возилото излетало од коловозот и се превртело по надолнината.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал В.С., додека сопатникот во возилото И.К. (23) од Битола, се здобил со телесни повреди. На истиот му е укажана лекарска помош и бил задржан на лекување во Клиничка болница-Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top