| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп води пред Клинтон, Викиликс покажа дека имала нарачани прашања во дебатите

Доналд Трамп води на анкетите пред Хилари Клинтон, на една недела пред изборите за претседател на САД, покажуваат најновите резултати.

Анкетата на ТВ мрежата Еј Би Си покажува дека Трамп има 46, додека Клинтон 45 проценти поддршка. Анкетата следи по веста за одново отворање на истрагата што ја најави ФБИ против Хилари Клинтон поради користење на првитната имејл адреса за испраќање информации со доверлива содржина.

Клинтон беше во водство и многумина веќе ја гледаа како нов претседател на САД, но новиот развој на настаните во врска со мејловите и нанесоа значаен удар на нејзината кампања.

Денеска е објавен нов скандал во врска со кампањата на Клинтон, дека таа однапред ги добивала прашањата за дебата.

Во центарот на овој скандал е Дона Бразил, интерим претседателката американската Демократска партија и стратег на кампањата на Хилари Клинтон која испраќала мејлови до Џон Подеста, претседателот на кампањата на Хилари Клинтон и Џенифер Палмиери, директорка за комуникација на демократската кандидатка за претседател на САД.

Мејлот е испратен на 5 март, ден пред демократската дебата помеѓу Хилари Клинтон и Берни Сандерс која се одржа во градот Флинт, град која стана симбол на социјалната неправда на Америка поради водоводната мрежа на градот затруена со олово.

“Едно од прашањата кое ќе и биде поставено на ХРК (Хилари Родам Клинтон) ќе дојде од една жена која имала кожен осип. Нејзиното семејство беше отруено со олови и таа ќе ја праша Хилари што може да направи за жителите на Флинт ако стане претседателка”, јавува Бразил која до пред неколку дена беше коментатор за Демократската партија на Си-Ен-Ен.

Утредента, за време на дебатата, Клинтон навистина доби прашање од една жена која рече дека целото нејзино семејство имало проблеми со кожата иако начинот на кој што било поставено прашањето не им одговара на наводите од мејлот на Бразил.

Во еден друг мејл Бразил пишува: “Од време на време ги добивам прашањата однапред” и во истата порака помеѓу редовите сугерира дека на Клинтон ќе и биде поставено прашање за смртната казна.

По овие откритија Дона Бразил даде оставка од Си-Ен-Ен и и во понеделникот на Твитер се заблагодари на телевизијата за соработката како политиколог и демократски коментатор.

Скандалот им дава нова тежина на зборовите на републиканскиот кандидат Доналд Трамп кој со недели повторува дека неговата противничка била фаворизирана со тоа што прашањата ги добивала однапред. Ова се случува во време кога во Демократската партија борбата се водеше помеѓу Клинтон и Берни Сандерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top