Граѓанка на градот Есен која христијанската религија ја променила во муслиманска вчера нападнала полициска екипа со нож за сечење картон, објави денеска портпаролот на локалната полиција Марко Оербах, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според полицијата во Есен која интервенирала по повик на соседите кои ја пријавиле жената дека преку прозорец ја исфрлала покуќнината во дворот, таа за време на нападот извикувала „Алах е голем“.
Кај жената на возраст од 53 години која е префрлена на психијатрско лечење се пронајдени знамиња со симболи на „Исламската држава“ а полицијата истражува дали инцидентот има радикална верска позадина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија