| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре кафуле во Куманово

Кумановските пожарникари во два часот изутринава интеревенирале на опожарен угостителски објект, лоциран на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ на локалитетот „Поток Серава“.

Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово Дејан Илиевски, пожарот бил пријавен во 1.52 часот по полноќ, а целосно бил локализиран во 3.25 часот.

– Интервенрирано е со две противпожарни возила и шестмина пожарникари, додаде Илиевски.

Во пожарот причинета е значителна материјална штета, целосно се опожарени масите, столовите и целокупниот инвентар во објектот. Покрај овој објект, од пожарот штета имаат и становите лоцирани над кафе-барот, оштетени се стакла на прозорците и зачадена е внатрешноста на становите. Екипа на СВР Куманово изврши увид на местото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top