Кога му е најтешко на Давид Митов-Нилсон, шведскиот Норчепинг се покажа како голем клуб и му понуди продолжување на соработката и нов тригодишен договор за македонскиот репрезентативен голман.
И покрај тоа што изминатава година поради тешката повреда беше надвор од терените, а договорот со шведскиот прволигаш му истекува во декември, Норчепинг, потврдувјќи дека е голем клуб, му понуди нов тригодишен договор на Давид Митов.
– Кога фудбалер ќе се најде во таква ситуација во каква што е во моментов Давид, а плус и пред истекување на договор, важно е ние да преземеме одговорност како клуб. Сега треба да покажеме дека и ние сме големи. Не постои сомнеж во квалитетите на Давид и затоа го продолжуваме договорот – вели директорот на Норчепинг, Јенс Густафсон.
Давид Митов-Нилсон неодамна имаше операција со која ги отстрани завртките од ногата, па сега го чека финалната рехабилитација. За две недели се очекува да почне со полесни тренинзи, а максимално активно на терен се очекува да се врати при крајот на јануари.
Неговото враќање на терените го очекуваат и од таборот на Македонската репрезентација бидејќи со тоа ќе се добие дополнителна сигурност и цврстина во одбраната, а особено меѓу стативите.
– Сакам да се вратам уште посилен и подобар од било кога, затоа напорно работам во моментов. Дополнителна сила за тоа ми дава и односот од Норчепинг кој секогаш е со мене, потврда за тоа е и овој нов тригодишен договор – вели Митов-Нилсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Реал не остава ништо на случајот, Иско со нов договор и откупна клаузула од 700 милиони евра
-
По Гасол не размислува за пензија, ќе игра уште три години!
-
Златан Ибрахимовиќ се поблиску до останување во Манчестер, нов договор од декември?!
-
Пандев: Им благодарам на тренерот и управата за укажаната доверба