Руски психолози спроведоа истражување кое ги открива цртаните филмови кои делуваат штетно на умот на децата. Како најштетен го наведоа цртаниот филм „Маша и Медо“.
Според психолозите, главната јунакиња Маша се однесува лошо, прави пакости, лоши гестикулации и слично, што лошо ќе се одрази на децата, кои можат да помислат дека таквото однесување е нормално.
Рускиот цртан филм е многу популарен во Македонија, низ поголемиот дел од Европа, но и во Индонезија и на Блискиот Исток. Според истражувањето, популарноста на филмот во муслиманските земји е поради шамијата која Маша постојано ја носи.
На второ место се наоѓа цртаниот филм „Монстер Хај“, а на трето „Сунѓерот Боб“. Меѓу цртаните кои лошо влијаат на децата е и „Том и Џери“, кој го зазема четвртото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.