| четврток, 6 декември 2018 |

Кадетите ја победија Албанија и остануваат во игра за следната квалификациска фаза

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години ја победи Албанија со 2:1 во последниот настап на квалификацискиот турнир во Италија, со што останува во игра за пласман во следната квалификациска фаза.

Избраниците на селекторот Добринко Илиевски денеска имаа негатива во 52. минута, но само две минути подоцна Колевски израмни на 1:1, а во 64. минута Страторски го заокружи резултатскиот пресврт за конечни 2:1.

Истовремено Италија ја победи Србија со 2:0, со што Италијанците со кои ремизиравме го освоија првото место со 7 бода, додека Србите со еден помалку се пласираа на втората позиција. Македонија имаше солиден настап со една победа, едно реми и еден пораз, односно 4 бода го освои третото место во групата.

Сето ова не остава во игра за пласман како една од петте третопласирани селекции кои ќе обезбедат пласман во следната рунда, а епилогот ќе се знае откако ќе се комплетира групата 12 на турнирот кој започнува утре, а на кој настапуваат Полска, Израел, Исланд и Ерменија.

Најдобри третопласирани селекции:

1. Чешка 1 бод (гол разлика 3-3)
2. Црна Гора 1 бод (2-2)
3. Белгија 1 бод (0-1)
4. Украина 1 бод (2-3)
5. Македонија 1 бод (1-3)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top