„Њујорк пост“ во текстот под наслов „Недвижностите на поранешна Југославија, вредни милиони, на продажба“ наведува дека се продаваат палатата на Петта авенија и пентхаусот во Парк авенија.
За двата објекта, кои се во многу лоша состојба, проценките веќе се завршени. Пенхаусот во Парк авенија проценет е на повеќе од 20 милиони долари, а не се користи од 1992 година и претставува симбол на колатерална штета на жестоките борби меѓу државите наследнички на Југославија.
Резиденцијата е купена во 1975 година за 100.000 долари, а ја користеа југословенските амбасадори во Обединети нации, како и претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, при посетите на Њујорк.
Во Палатата на Петта авенија во моментот е сместена постојаната мисија на Србија во Обединети нации. Таа има 3.650 метри квадратни, два лифта, осум бањи и 32 соби. Голема материјална штета е причинета на објектот во 1975 година кога е фрлена бомба врз подрумските скали.
Последните години цените на слични недвижни имоти на таа локација се движат од 28 до 36 милиони долари.
Минатата недела лидерите на петте држави, некогашни републики на СФРЈ, постигнаа конечен договор за продажба на 51 објект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се санира дефект на затварач, пола Чаир и неколку амбасади утре без вода
-
Со Дарко Панчев во стартниот состав: Пред точно 26 години, Југославија се прости од фудбалската сцена
-
Тајни белешки на ФБИ ја обелоденија вистината за Тито – конечно откриено кој ја водел Југославија
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години


