| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните знаат дека ветеното го остваруваме и дека можат да ни веруваат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес промовираше значајна мерка за здравството која е дел од новата програма на владејачката партија, но и испрати и порака за изборите на 11 декември.

-Граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме. Но и минат труд кој е гаранција дека ќе оствариме многу повеќе. Затоа нашата визија е патот за напредок. Заедничкиот пат за нашата Македонија, заклучи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top