| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд ја потврди 5-годишната казна за брат Љубе

ljubebrat

Врховниот суд ја потврди петгодишната затворска казна за Љубе  Бошкоски.

Ексминистерот за внатрешни работи ја загуби и послендата правна битка во Македонија за случајот „Кампања“, јавува „А1он“. Според информациите што ги објави порталот, на Бошкоски сега му останува правдата да ја бара пред меѓународните судови.
Бошкоски беше осуден за незаконско финанирање на кампањата за предвремените избори во 2011 година. Кривичниот суд му пресуди 7 години затвор, а скопска Апелација казната ја намали на пет години.
Бошкоски е обвинет и за слулчајот „Ровер“ за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top