Многу жени се разочараа кога слушнаа дека принцот Хари е во врска со актерката Меган Маркл. Сепак светот веќе доби нов најпосакуван ерген од кралско семејство – младиот грчки принц Константин Алексиос.
Константин минатиот викенд го прослави својот 18 роденден. Прекарот му е Тино и тој е најстар од трите сина на Павлос, крунисаниот принц на Грција и неговата сопруга Марија Шантал.
Младиот принц досега успеваше да го избегне вниманието на медиумите, но со оглед на тоа дека стана полнолетен и дека наскоро ќе почне да студира, таблоидите едвај чекаат да дознаат нешто повеќе за неговиот живот.
Вниманието на корисниците на социјалните мрежи веќе го привлече, бидејќи на Инстаграм секојдневно добива комплименти дека е најубав принц на светот, но и понуди за женидба.
Неговото семејство е многу блиско со британското кралско семејство, а принцот Вилијам е негов кум. Тино е роден во Њујорк, но во 2004 година се преселил во Лондон како би посетувал престижни училишта. Голем љубител е на лов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт
-
Полицијата објави видео од Принц, еден ден пред смртта: Бил потполно блед и изгубен (видео)