
Холивудската актерка Хали Бери открива дека неодамна после разводот конечно успеала да најде среќа и спокојство.
Имено актерката открила дека со месеци се обидувала да го спаси бракот со колегата Оливие Мартинез, но и дека откако се развела конечно го нашла спокојот.
-Никогаш не сум се чувствувала подобро. Најсреќна сум кога сум со децата – признала убавата оскаровка.

Инаку, Бери со францускиот колега беше неколку години во брак, а парот има тригодишен син. Ќерката Нала ја доби од врската со манекенот Габриел Орби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


