Познатата актерка Хали Бери пред два дена наполни 50 години и роденденот го прослави со секси фотографија на социјалните мрежи.
Актерката уште еднаш докажа дека не се плаши од стареењето, велејќи дека со раширени раце им посакува добредојде на годините.
И во други фотографии објавени на Инстаграм актерката покажува во колку добра форма е. Таа отсекогаш била препознатлива по природната убавина, а за пластичните операции вели дека има размислувано, но дека не сака да се промени.
-Сакам да изгледам исто, а ако ги употребувате тие работи тогаш повеќе не сте истиот човек- вели Хали.
Таа е мајка на две деца од двајца различни татковци, кои ги роди на 42 години, односно на 47 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.