Пол Џинџерич, тинејџер од Индијана, кој бил осуден на 25 години затвор поради помагање на пријател при убиството на неговиот очув кога имал само 12 години, би можел за три месеци да биде пуштен на слобода, јавува „Инди стар“.
Џинџерич, кој денес има 18 години, поради добро однесување и учество во разни програми за рехабилитација, за 90-тина дена би можел да биде на слобода, иако е соучесник во страшно убиство.
Случајот на Пол Џинџерич датира уште од 2010 година, кога како 12-годишен ученик, со својот пријател, тогаш 15-годишниот Колт Лунди, направил план за убиство на очувот на Лунди, Данер.
Дуото прво имало план за бегство, но кога Данер се обидел да ги сопре, добил четири куршуми во телото.
За разлика од Џинџерич, Лунди целата своја казна ја минал во правен затвор, а таму ќе мине уште најмалку шест години.
Џинџерич по една година мината во малолетнички затвор, една година ќе мине во домашен притвор, со 10 години условно.
Инаку, Пол е веројатно најмладата личност во Индијана на која ѝ се судело како возрасна.
– Знам дека направив грозно злосторство, и поради тоа искрено се каам – рекол пред судот во петокот Џинџерич.
Адвокатката на младиот Пол, Моника Фостер, вели дека нејзиниот во петте години минати во установа за малолетници го отплатил својот долг кон општеството.
– Таму матурираше, а им помагаше и на останатите затвореници во учењето. Исто така, ги заврши и сите рехабилитациски програми – нагласила Фостер.
Сепак, нејзиното воодушевување со рехабилитацијата на Џинџерович не го дели и семејството на убиениот Данер. Тие не присуствувале на изрекувањето на казната во петокот, но сестрата на жртвата во едно претходно обраќање рекла дека чека извинување од Пол.
– Пол, ова не ти се случи на тебе, и ти не си жртва – јасно порачала сестрата на убиениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Бившата на Бордејн силувала 17-годишен тинејџер: Му останаа тешки трауми, менталното здравје му е загрозено