Уште еден клиент на Kомерцијална банка АД Скопје, филијала Битола, во петокот пријави дека бил ограбен неговиот сеф, откако претходно двајца печалбари пријавија во полиција дека им биле украдени 129.000 швајцарски франци и 40.000 долари. Овојпат крадецот од металната касета украл 836.902 денари.
По пријавените кражби, дознава „Дневник“, истражителите подигнале траги од сефовите и од други предмети пронајдени во филијалата на Kомерцијална банка во Битола. Предметите се предадени за вештачење, а на сите земени траги ќе се врши ДНK-анализа, потврдуваат и од ОЈО за весникот, но не откриваат дали се земени траги од вработени лица во банката.
Од Kомерцијална банка АД Скопје за „Дневник“ одговорија дека банката му дозволува пристап до сефот само на корисникот на сефот и лицето овластено од корисникот на сефот доколку корисникот овластил и друго лице за користење на сефот, а банката не води евиденција за содржината што корисниците ја чуваат во своите сефови.
Целиот текст прочитајте го на Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иван влегол во банка да плати кредит, но ѝ го загорчил животот на службеничката
-
Сефовите во македонските банки на големо се пљачкаат, за 7 дена украдени 2 до 3 милиони евра
-
Прилепчанец направил хаос во банка: Му сметала климата, се расправал со вработените, буткал се пред себе
-
Повторно ограбена ТТК банка во Струга