Започна реконструкцијата на регионалниот пат Корешница – Бистренци, последниот регионален пат што остана нереконструиран во општина Демир Капија. Инвестицијата е 10 милиони денари и беше приоритетно барање на жителите од овој регион. Се поставува нов тампон, а за десетина дена ќе започне и асфатлирање на целиот пат.
Инвестициите во овој регион надминуваат над 200 милиони евра, рече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој заедно со градоначалникот на Демир Капија и директорите на ЈП за државни патишта и „Македонија пат“ изврши увид на отпочнување на градежните работи.
Денеска започнува реконструкција на овој пат и набрзо ќе биде завршен.
– Знаете дека активно се работи на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, активно се работи и на автопатската делница Смоквица – Гевгелија. Почнавме со подготвителни работи за реконструкција и на делницата од Неготино до Демир Капија која е една од најоштетените и најфреквентна. Така што активно се работи на изградба на овие капитални проекти – рече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој изврши увид на градежните активности.
– Со реконструкцијата на овој пат, која беше една од барањата на жителите на овие населени места, ќе обезбедиме побезбеден сообраќај – изјави директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов, кој објасни дека со реконструкцијата на овој пат ќе се изврши проширување од 3 метри на 4 метри и ќе се постави комплетно нова патна сигнализација.
За општината Демир Капија овој проект значи заокружување на инвестициите на патната инфраструктура во општината.
-По завршување на овој регионален пат во општина Демир Капија ќе нема ниту еден локален ниту регионален пат на којшто ќе му биде потребна реконструкција – изјави Трајче Димитриев, градоначалник на општина Демир Капија.Реконструкцијата на овој регионален пат ќе се заврши оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија