| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец добил шипка во глава од навивач на Победа

Вчера во 19.30 часот во Скопје на Градскиот стадион, при извршување на работни задачи – обезбедување за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Победа од Прилеп, полициски службеник од Единица за јавен ред и мир од СВР Скопје, додека интервенирал при нарушен Јавен ред и мир, од страна на непознато лице од навивачката група на ФК Победа бил удрен со метална шипка во пределот на главата.

Лекарска помош му била укажана во Градска општа болница „Наум Охридски“, каде му била констатирана телесна повреда, по што бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top