| четврток, 6 декември 2018 |

Самсунг тестира 5G мрежа

Додека голем дел од луѓето, вклучувајќи ја и Македонија, сеуште не започнале да уживаат во бенефициите кои ги нуди 4G мрежата, Samsung веќе се подготвува за иднината и почнува со тестирање на 5G мрежи...

Доколку не живеете во една од „населбите“ на Google, гигабитниот Интернет сеуште е фантазија за сите нас. Во наредните неколку години ова ќе се промени, но сеуште сме дел од една бавна транзиција кон побрза интернет конекција. Во меѓувреме, мобилните мрежи константно се подобруваат, посебно со воведувањето на 4G технологијата и LTE. Она што е јасно е дека, порано или подоцна, ќе биде потребно и воведувањето на петто “G”! 🙂

Со користење на фреквенција од 28GHz, Samsung успеа да постигне трансфер на податоци од 1 Gbps. Потенцијалот кој е скриен во оваа технологија е дека во иднината бројката би можела да се покачи и до 10 Gbps!

Ова е дефинитивно технологијата на иднината, но сепак немојте премногу да се возбудувате. Samsung вели дека оваа технологија ќе и стане достапна на пошироката јавност дури во следната деценија, односно некој период после 2020-та година.

Извор: gsm.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top