| четврток, 6 декември 2018 |

Покрај Верстапен нема подиум ниту за Фетел

sebastijan-fetel

Големата награда на Мексико синоќа донесе перипетии и две казни по завршувањето на трката. Најнапред казна заработи Макс Верстапен откако му беа додадени пет секунди на неговото финално време. Неговото место на подиумот го зазеде Себастијан Фетел, но утрово стигна казна и за Германецот.

Поради ист маневар како и Вестрапен, кој Фетел го направи во дуелот со Даниел Рикардо, возачот на Ферари доби казна од десет секунди поради промена на правец на движењето и предизвикување несакани дејствија кај друг возач.

Така Фетел финално трката ја заврши на петтото место и остана без планираниот подиум на кој се радуваше синоќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top