Голманот на Милан и големата надеж на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Донарума е на врвот на листата, кога се работи за натпревари без примен гол. Тој е пред голмани како Кејлор Навас, Тер Штегер, Давид Де Хеа и уште многу други од петте најсилни лиги во Европа.
Овој тинејџер на натпреварот против Пескара не дозволи да се затресе неговата мрежа, се неколку неверојатни интервенции. 17-годишниот Донарума стигна до петтиот натпревар без да ја вади топката од својата мрежа, податок со кој што не може да се пофали ниту еден друг голман од најсилните првенства.
„Росонерите“ се радуваа на домашен терен против Пескара со прекрасниот погодок од слободен удар на Бонавентура, но заслуга за трите бода има секако и младиот италијански голман, кој е играчот за иднина на екипата на Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим