| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во клубот на најуспешните економии

 

 

rast

Ма­ке­до­ни­ја се нај­де во клу­бот на нај­ус­пеш­ни­те еко­но­мии. Де­сет­то­то ме­сто во све­тот и пет­то­то во Евро­па во од­нос на лес­но­ти­ја­та за во­де­ње биз­нис зна­чат го­ле­мо приз­на­ние за на­по­ри­те на др­жа­ва­та за еко­ном­ски на­пре­док, ду­ри и во вре­ме на по­ли­тич­ка кри­за. Пра­вил­на­та еко­ном­ска по­ли­ти­ка на Вла­да­та оп­фа­ќа ни­за мер­ки и ин­стру­мен­ти што се спро­ве­доа из­ми­на­ти­те го­ди­ни и кои се­га го да­ва­ат ре­зул­та­тот, ва­ло­ри­зи­ран пре­ку ви­со­ки­те ме­ѓу­на­род­ни ран­ги­ра­ња. Тие, пак, по­врат­но уште по­ве­ќе ја по­до­бру­ва­ат сли­ка­та за др­жа­ва­та ка­ко по­са­ку­ва­на ин­ве­сти­ци­ска де­сти­на­ци­ја. За­зе­ма­ње­то ви­со­ки по­зи­ции на ли­сти­те што ги офор­му­ва­ат ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции вле­ва до­вер­ба кај стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри и прет­ста­ву­ва во­деч­ки им­пе­ра­тив при из­бо­рот на зем­ја за ин­ве­сти­ра­ње. А, Ма­ке­до­ни­ја е пред си­те оста­на­ти зем­ји во ре­ги­о­нот. Ин­ве­сти­то­ри до­а­ѓа­ат и сѐ по­ве­ќе ќе до­а­ѓа­ат, ја на­ма­лу­ва­ат не­вра­бо­те­но­ста, го кре­ва­ат стан­дар­дот, со што се за­о­кру­жу­ва кру­гот на ус­пе­хот. Ова, пра­ктич­но, ги по­твр­ду­ва си­те прет­ход­ни ана­ли­зи и твр­де­ња, вклу­чи­тел­но и ан­ке­та­та на Вла­да­та кај стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри, ко­ја по­ка­жа ви­сок сте­пен на за­до­волс­тво од во­де­ње­то биз­нис во зем­ја­ва и про­мо­ви­ра­ње на зем­ја­та ка­ко до­бра биз­нис-де­сти­на­ци­ја кај дру­ги­те ин­ве­сти­то­ри. За екс­пер­ти­те ви­со­ко­то ран­ги­ра­ње на Ма­ке­до­ни­ја во „Ду­инг биз­нис“ за 2017 го­ди­на е оче­ку­ва­но.

– Ран­ги­ра­ње­то до­а­ѓа од во­деч­ка­та свет­ска фи­нан­си­ска ор­га­ни­за­ци­ја. Са­мо по се­бе тоа ја зго­ле­му­ва вред­но­ста на оцен­ка­та (реј­тин­гот) за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Тол­ку ви­со­ко­то ме­сто на ранг-ли­ста­та е сво­е­вид­но приз­на­ние за пер­ма­нент­ни­те и су­штин­ски ре­фор­ми кои Вла­да­та на РМ ги вр­ше­ше во из­ми­на­ти­те де­се­ти­на го­ди­ни, со што соз­да­де де­лов­на кли­ма ко­ја е бла­го­при­јат­на за дејс­тву­ва­ње и на стран­ски­те и на до­маш­ни­те ин­ве­сти­то­ри. Тоа, пак, од сво­ја стра­на, зна­чи сил­на по­ра­ка за ид­ни­те ин­ве­сти­то­ри за ко­ри­сте­ње на по­стој­ни­те по­вол­но­сти за отво­ра­ње и во­де­ње биз­нис во зем­ја­ва, што на со­од­ве­тен на­чин ќе им по­мог­не за ос­тва­ру­ва­ње на нив­ни­те ин­ве­сти­ци­ски и прет­при­е­мач­ки це­ли. По­врат­но за ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја ќе зна­чи мно­гу со­лид­на под­ло­га за ско­ро трг­ну­ва­ње по па­те­ка­та на тра­ен и одрж­лив сто­пан­ски раз­вој – ве­ли про­фе­со­рот То­ме Не­нов­ски.

Тру­дот на Вла­да­та за соз­да­ва­ње по­во­лен еко­ном­ски ам­би­ент во це­лост е ва­ло­ри­зи­ран.

Во зем­ја­ва се соз­да­ва­ат ус­ло­ви во кои е лес­но да се во­ди биз­нис, да се про­из­ве­ду­ва и ос­тва­ру­ва про­фит, да се би­де ино­ва­ти­вен, што ре­зул­ти­ра со кон­ти­ну­и­ра­но на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста во зем­ја­ва. Ма­ке­до­ни­ја е по­до­бро ран­ги­ра­на од 25 зем­ји-член­ки на ЕУ и во гло­бал­ни рам­ки е во друш­тво на Нов Зе­ланд, Син­га­пур, Дан­ска, Хонг Конг, Ре­пуб­ли­ка Ко­ре­ја, Нор­ве­шка, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, САД, Швед­ска. За тоа кол­ку е на­пра­ве­но на пла­нот на по­до­бру­ва­ње­то на биз­нис-кли­ма­та све­до­чи по­да­то­кот де­ка Ма­ке­до­ни­ја пред 10 го­ди­ни во овој из­ве­штај би­ла ран­ги­ра­на на 94. ме­сто.

– Нај­до­бро­ран­ги­ра­на еко­но­ми­ја во ре­ги­о­нот е Ма­ке­до­ни­ја, на 10. ме­сто во све­тот. Бла­го­да­ре­ние на спро­ве­де­ни­те ре­фор­ми, се­га на еден прет­при­е­мач во Ма­ке­до­ни­ја му се по­тре­би са­мо два де­на за да поч­не биз­нис, што е зна­чи­тел­но по­мал­ку во од­нос на ре­ги­о­нал­ни­от про­сек од 10 де­на – на­ве­ду­ва Свет­ска бан­ка.

Зем­ји­те од ре­ги­о­нот се да­ле­ку зад Ма­ке­до­ни­ја: Сло­ве­ни­ја (30), Ро­ма­ни­ја (36), Бу­га­ри­ја (39), Хр­ват­ска (43), Ср­би­ја (47), Цр­на Го­ра (51), Ал­ба­ни­ја (58), Ко­со­во (60), Гр­ци­ја (61), Тур­ци­ја (69) и Бос­на и Хер­це­го­ви­на (81).

Ма­ке­до­ни­ја во из­ве­шта­јот на Свет­ска бан­ка бе­ле­жи им­пре­сив­ни ре­зул­та­ти. Во де­лот на за­поч­ну­ва­ње со биз­нис е на 4. ме­сто во све­тот, кај гра­деж­ни­те доз­во­ли е на 11. по­зи­ци­ја, 29. кај снаб­ду­ва­ње со еле­ктрич­на енер­ги­ја, 48. кај ре­ги­стра­ци­ја­та на имот, 16. во де­лот на до­би­ва­ње кре­дит, на ви­со­ко 13. ме­сто во де­лот на за­шти­та­та на мал­цин­ски­те ин­ве­сти­то­ри, де­вет­ти сме кај пла­ќа­ње­то да­но­ци, 27. во над­во­реш­на­та тр­го­ви­ја, 36. во спро­ве­ду­ва­ње на до­го­во­ри­те на де­ло, а 32. во ре­ша­ва­ње на ин­сол­вент­но­ста.

–  На­ви­сти­на мал­ку ра­бо­ти мо­жат да се нај­дат ка­де што сме во пр­ви­те 10 во све­тот, а тоа е ед­на од по­важ­ни­те ра­бо­ти за­тоа што оваа ра­бо­та е пре­дус­лов за отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста, а со тоа и зго­ле­му­ва­ње на стан­дар­дот на на­се­ле­ни­е­то. Тоа ќе би­де од­лич­на пре­по­ра­ка за мно­гу ин­ве­сти­то­ри во све­тот да дој­дат во Ма­ке­до­ни­ја и за оние кои до­се­га слуш­на­ле, но не­ма­ле мно­гу ин­фор­ма­ции – сме­та ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

Ва­лен­ти­на Сал­та­не од ти­мот на Свет­ска бан­ка што го изра­бо­ту­ва из­ве­шта­јот за во­де­ње биз­нис ве­ли де­ка до­се­га нај­ви­со­ко­то де­сет­то ме­сто за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е од­лич­на вест за зем­ја­та и е ре­зул­тат на актив­но­то спро­ве­ду­ва­ње ре­фор­ми со кои им се олес­ну­ва на сто­панс­тве­ни­ци­те да ин­ве­сти­ра­ат и да ра­бо­тат.

– Нај­но­во­то из­да­ние на из­ве­шта­јот „Ду­инг биз­нис“ но­си од­лич­ни ве­сти за Ма­ке­до­ни­ја би­деј­ќи прв­пат во исто­ри­ја­та на из­ве­шта­јот Ма­ке­до­ни­ја се прик­лу­чи на пр­ви­те де­сет ре­фор­ма­то­ри за биз­нис, што е го­ле­мо по­стиг­ну­ва­ње. Ако пог­лед­не­ме ре­ги­о­нал­но, Ма­ке­до­ни­ја е нај­до­бра­та др­жа­ва во ре­ги­о­нот на Евро­па и Сред­на Ази­ја. Тоа е по­стиг­на­то со мно­гу актив­но пот­тик­ну­ва­ње ре­фор­ми, што Ма­ке­до­ни­ја ги про­дол­жу­ва од го­ди­на во го­ди­на – из­ја­ви Сал­та­не.

Сал­та­не ве­ли де­ка Ма­ке­до­ни­ја осо­бе­но се истак­ну­ва во от­стра­ну­ва­ње на проб­ле­ми­те по­вр­за­ни со би­ро­кра­ти­ја­та.

– Мис­лам де­ка Ма­ке­до­ни­ја по­стиг­на од­лич­ни ре­зул­та­ти на ин­ди­ка­то­ри­те кои го ме­рат над­ми­ну­ва­ње­то на би­ро­крат­ски­те преч­ки за биз­нис, на при­мер во об­ла­ста на поч­ну­ва­ње на биз­нис гло­бал­ни­от реј­тинг на Ма­ке­до­ни­ја е на че­твр­то ме­сто од 190 др­жа­ви во све­тот. Ако сто­панс­тве­ник ги има си­те по­треб­ни до­ку­мен­ти, мо­же да поч­не биз­нис за са­мо два де­на, што е од­лич­но по­стиг­ну­ва­ње. След­ни­от пре­диз­вик ќе би­де да се про­дол­жи со ре­фор­ми­ра­ње­то и да се по­стиг­нат по­до­бри ре­зул­та­ти, и да се пре­на­со­чи фокусот на прав­ни­те ин­сти­ту­ции. Би­деј­ќи е по­треб­но по­дол­го вре­ме за да се ре­фор­ми­ра­ат су­до­ви­те, ми­ни­стерс­тва­та, за­тоа е по­треб­но мо­же­би да се на­со­чи по­ве­ќе фокус кон вла­ди­ни­те ин­сти­ту­ции и су­до­ви­те за да се обез­бе­ди де­ка сѐ е авто­мат­ски, де­ка е транс­па­рен­тен про­цес и лу­ѓе­то зна­ат кои се пра­ви­ла­та и ре­гу­ла­ти­ви­те. Ова би бил след­ни­от че­кор што го гле­да­ме ка­ко пре­диз­вик за др­жа­ва­та – до­да­ва Сал­та­не.

За еко­ном­ски­от ус­пех на Ма­ке­до­ни­ја пи­шу­ва и пре­стиж­ни­от „Форбс“, пре­ку ин­терв­ју со Гру­ев­ски, и клуч­ни­те по­ен­ти се де­ка Ма­ке­до­ни­ја из­ле­гу­ва од по­ли­тич­ка­та кри­за, умеш­но се спра­ву­ва со еми­грант­ски­от бран и во­ди ус­пеш­на еко­ном­ска по­ли­ти­ка.

– Ние ја на­ма­лив­ме стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност од 38 на 24 про­цен­ти. Се­пак, не­вра­бо­те­но­ста оста­ну­ва проб­лем. Но, Вла­да­та пре­зе­ма мер­ки за да ја пот­по­мог­не до­маш­на­та еко­но­ми­ја, да до­не­се стран­ски ка­пи­тал и да соз­да­де по­вол­на биз­нис-кли­ма во ко­ја вра­бо­те­но­ста ќе рас­те, иа­ко сѐ уште не сме за­до­вол­ни со ни­во­то што го има­ме се­га. Ни­ски­те да­но­ци се клу­чен фа­ктор во на­ши­от план. Тие ги пот­тик­ну­ва­ат ин­ве­сти­ци­ски­те ком­па­нии да ни го по­све­тат по­треб­но­то вни­ма­ние ко­га раз­мис­лу­ва­ат ка­де да се про­ши­рат. Во­ед­но, ги на­ма­лу­ва­ме и да­но­ци­те на до­да­де­на вред­ност во не­кои се­кто­ри од 18 на 5 про­цен­ти. Ова е са­мо мал дел од мер­ки­те што ги пре­зе­дов­ме со цел да ја одр­жи­ме еко­но­ми­ја­та во ус­ло­ви на по­ли­тич­ка кри­за. Ни­ски­те да­ноч­ни стап­ки се дви­га­те­лот на ин­ве­сти­ци­ски­от ин­те­рес во Ма­ке­до­ни­ја – ве­ли Гру­ев­ски во ин­терв­ју­то за „Форб.

Текстот е објавен во неделникот „Република“, број 217

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top