Во рамки на посетите на граѓани кои што ги остваруваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Славче Трпески денеска беше во општина Сопиште.
Целта на овие посети е да се соберат идеи од конкретни предлози на граѓани кои би станале дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.
-За разлика од политичарите од СДСМ кои си седат дома а платени комбиња со разглас, возејќи по улиците низ градовите, ги вознемируваат граѓаните со снимени пораки од наводна нивна програма која и по два одржани конгреси никој не ја видел.За разлика од СДСМ, ВМРО ДМПНЕ на секои парламентарни избори излегува со Програма со точно утврдени проекти, со временски рокови и Финансиски средства за нивна реализација а на крајот од секој мандат излегува со отчет за сработеното, рече Трпески.
Потврда за успешно имплементација на проектите на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ пред неколку дена дојде и од Светката Банка која ја рангираше Македонија на високото десетто место во светот по услови за правење на бизнис.
-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како еден од врвните приоритети е иднината на младите во Република Македонија. По отворањето на 166.000 нови работни места како втор највисок приоритет е обезбедувањето на домови за младите брачни парови. Преку проектите изградба на станови за млади брачни парови како и преку проектот Купи куќа-купи стан илјадници млади брачни парови се стекнаа со свој дом.Последниот од низата проекти е проектот “Купи куќа за млади” кој овозможува младите до 35 години да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа, додава тој.
За реализација на оваа цел во сите општини во Република Македонија и тука во Сопиште се определија локациите каде ќе никнат новите населби за младите брачни парови.-Агенцијата за катастар на недвижности минатиот месец заврши со Ажурираните геодетски подлоги и сега Планерските куќи активно работат на урбанизација на овие локации. По завршување на постапката за донесување на урбанистички планови, градежните парцели ќе бидат понудени на младите брачни парови по почетна цена од 1 евро за м2. Поради овие проект но и поради уште други 3500 реализирани проекти, младите на 11 декември масовно ќе излезат на избори и на ВМРО-ДПМНЕ ќе му ја донесат најголемата победа во историјата со повеќе од 63 пратеници, заклучи Трпески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Сопиште два дена без бода поради чистење и хлорирање на резервоарот Добри Дол
-
Делови од Сопиште, Аеродром, Центар и Чаир утре без струја
-
Мицевски до Шилегов: Граѓаните на Сопиште имаат чест, достоинство и крената глава, нешта што нема да ги имате до крајот на животот