На улицата Херој Карпош во Струмица, во семејна куќа жена ќе изгорела до пепел откако избил пожар попладнево, дознава ТВ Нова.
Пожарот избил нешто по 15 часот, во приземјето на куќата, но многу брзо се прошири и на горниот кат. Според првичните информации жената била сама во куќата, а неколку противпожарни возила го гаснеле пожарот. Според тврдењето на соседите, жената најверојатно била со нарушено ментално здравје и често имала испади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.