Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со обновување на договорите со фудбалерите од актуелниот состав, со оглед дека доби забрана од ФИФА за трансфери во наредните два преодни рока. Раководството на „кралевите“ не препушта ништо на случајноста и веќе склучи договори со поголем дел од фудбалерите, како Тони Крос, Лука Модриќ, Лукас Васкез и Герет Бејл, а следен на листата е голманот Кејлор Навас.
Тој според ревидираниот договор со клубот, отсега ќе има годишна плата од 4 милиони евра. Тоа е двојно повеќе од досегашните 2 милиони евра по сезона што ги заработуваше репрезентативецот на Костарика.
Кејлор Навас беше на прагот на преселба во Манчестер јунајтед, како дел од зделката според која Давид де Хеа требаше да дојде на „Сантијаго Бернабеу“, но познато е дека овој трансфер сепак пропадна во последните мигови. Де Хеа требаше да заработува 8 милиони евра по сезона, а Навас сега дојде на половина од неговата планирана сума за годишна плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)