Млад Австриец во Куманово истепал продавачка и демолирал дуќан затоа што таа одбила да ја прими назад облеката што претходно му ја продала.
Кумановската полиција јави дека вчера околу 17 часот во Куманово во бутикот „Стар“ А.А.(24), државјанин на Австрија, револтиран бидејќи не му било дозволено да врати облека што претходно ја купил во бутикот, физички ја нападнал вработената М.А.(22) од Куманово, а потоа расфрлил дел од кутиите во бутикот. А.А. е приведен и за него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.